Реал ги подигна цените на билетите на рекордно ниво

64fed8314c34da2363cb77e9_HERO.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги објави цените на билетите за новата сезона, која за 10 дена официјално стартува на „Сантијаго Бернабеу“ со мечот против Ваљадолид Секако, се’ беше предизвикано од доаѓањето на скапата ѕвезда Килијан Мбапе плата ќе треба да ја „исплатат“ на овој начин и навивачите.



Имено, само за првиот натпревар против Ваљадолид потребно е да се издвојат меѓу 95 и 210 евра, додека лани за екипа од тој ранг беа потребни 55 евра.

„Тоа е навистина големо зголемување на цената. Очигледно е дека плаќаме за доаѓањето на Мбапе“, изјави 43-годишниот навивач во Мадрид за Хина.

Иако Мбапе пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен, неговата плата секако е огромна, но таа не е обелоденета во јавноста.
Исто така, има многу суперѕвезди, како Винисиус Јуниор и Џуд Белингем.

Зголемени се и цените на сезонските билети, а најевтините се 650 евра.

„Го продолжив мојот годишен пас за четвртиот прстен високо зад голот“, рече поддржувач со членска книшка од 2018 година.

За поскапиот дел од стадионот годишната претплата чини 1.650 евра, додека претходно беше 1.500.

Сепак, раководството на клубот предводено од Флорентино Перез е убедено дека трибините ќе бидат исполнети и покрај незадоволството од поскапувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK