Авионска несреќа во воздух во Франција, загинати двајца

3-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа вчера во судир на два француски воени авиони на истокот од земјата, едно лице преживеа, соопштија француските власти.



Францускиот претседател Емануел Макрон напиша на X дека двајца припадници на армијата, капетанот Себастиен Мабир и поручникот Матис Лоренс, се убиени во Рафал Авон, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми јавуваат дека едниот од двајцата студирал за пилот, додека другиот бил пилот.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на X напиша дека третиот пилот преживеал.

Авионите биле дел од воената база Сен Дизие во североисточна Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK