„Американ Хоспитал“, крајниот сопственик од Тирана кој пред една година не успеа да ја купи болницата „Жан Митрев“ иако беа во финални преговори, сепак влезе во Македонија како инвеститор и нов газда на ВФВ Поликлиник, отворена во скопски Бутел пред три години од бизнисменот и поранешен владин бизнис промотор Ферки Демировски и поранешниот министер за економија Беким Незири.
„Американ Хоспитал“ во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија и Косово, каде поседуваат 6 медицински центри, а од таму веќе известија дека во планот за регионално проширување им се Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментот изнесувала 320 милиони американски долари. Сопственик на „Американ хоспитал“ во Тирана, пак, е Balkan Alliance Healthcare, која беше поврзана со контроверзниот албански бизнисмен Клодијан Алајбеу.
На свеченото отворање пред три години на клиниката ВФВ во Скопје, како косопственик заедно со бизнисменот Ферки Демировски беше претставен поранешниот министер за економија Беким Незири, а целото раководство на ДУИ присуствуваше на свеченоста. Исто така, по отворањето на приватната служба за интервенции, поранешниот министер Венко Филипче се обиде да ја внесе во здравствениот систем покриен од државата.
Продолжете со читање на Фактор