Возач од струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца, неколку поднесоци против него

Maлолетник-повреден-во-автобус-во-Арачиново-возачот-нагло-закочил-момчето.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С. од с.Босилово, струмичко, а сопственост на Н.Т., извести МВР.


Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог, додаваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK