Галичник Филм Фестивал 2024: прогласени победниците на петтото издание

galicniki-film-fest.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши петтото издание на Галичник Филм Фестивал, кој годинава привлече бројни филмски ентузијасти, режисери, актери и љубители на седмата уметност. Фестивалот се одржа во Галичник, нудејќи неповторливо искуство на проекции под отворено небо, дебати, работилници и дружења кои ја слават креативноста и филмот.



Жири комисијата во состав: Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар, едногласно ја донесоа одлуката.

Специјални Награди:

Најдобра актерска двојка: Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје за филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.

Награда за млад актер: Гордон Рокс за улогата во филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.

Главни Награди:

Награда за најдобра кинематографија: Себастијан Вебер за филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич од Турција.

Награда за најдобро сценарио: Рејчел Волден за филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.

Награда за најдобра режија: Ерик К. Булијана за филмот „Правење бебиња“, од Канада.

Награда за најдобар актер: Ксавиер Ривард-Дези за филмот „Кралеви“, во режија на Оливие Коте од Канада.

Награда за најдобра актерка: Улијана Золкина за филмот „Лето со боровинки“, во режија на Маша Кондакова од Украина.

Награда од публика: Филмот „Врзете ги појасите“ во режија на Михаил Морсков и Виталиј Дудка од Русија.

Награда за најдобар анимиран филм: „Рак во базенот“, во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада.

Награда за најдобар документарен филм: „1001 ноќ“, во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска.

Награда за најдобар игран филм: „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.

Гран-при за Најдобар Филм на петтото издание на Галичник Филм Фестивал: „Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција.

Фестивалот ги прославува талентот и креативноста на учесниците, а сите присутни имаа можност да уживаат во филмови кои оставија траен впечаток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK