(Видео) Едно лице загина во демонстрациите во Венецуела, по објавувањето на изборната победа на Мадуро

ве.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина во државата Јаракуј (северозападно од земјата), а 46 беа приведени“ по постизборните протести, напиша на интернет Алфредо Ромеро, директор на невладината организација „Форо Пенал“, специјализирана за одбрана на политички затвореници, пренесуваат светските агенции.



Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците во неколку сиромашни населби на главниот град Каракас, барајќи Мадуро веднаш да ја предаде власта.

Полицијата ги растера демонстрантите со солзавец додека се приближуваа кон центарот на главниот град.

Вчера Националниот изборен совет официјално го прогласи Мадуро за победник на претседателските избори, со што доби трет шестгодишен мандат.

Според официјалните резултати, Мадуро (61) е реизбран за трет шестгодишен мандат со 5,15 милиони гласови или 51,2 отсто, додека опозицискиот претседателски кандидат Едмундо Гонзалес Урутија (74) освои нешто помалку од 4,5 милиони гласови или 44,2 отсто.

Отфрлајќи ги критиките од опозицијата и меѓународната заедница, Мадуро го осуди обидот да се воведе, како што рече, „фашистички државен удар во Венецуела“.

Синоќа лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, на прес-конференцијата рече дека опозицијата може да ја докаже победата на нејзиниот кандидат Едмунд Конзалес, поранешен дипломат.

Опозицијата, како што рече, од избирачките места собрала 73 отсто од резултатите од извештаите, според кои Гонзалес добил 6,27 милиони гласови наспроти 2,7 милиони на актуелниот претседател Николас Мадуро, кој изборната комисија го прогласи за победник.

Мачадо рече дека овие „докази за победа“ се испратени до светските лидери и ќе бидат објавени на интернет преку ноќ.

Мадуро ја доби поддршката од Русија и Кина како и од неговите вообичаени сојузници Куба, Никарагва, Хондурас и Боливија, но и бројни негативни или скептични реакции од меѓународната заедница.

Девет земји од Латинска Америка – Аргентина, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама, Парагвај, Перу, Доминиканска Република, Уругвај – повикаа во заедничка изјава целосно да го разгледаат резултатот со присуство на независни набљудувачи на изборите.

Бразил и Колумбија, две левичарски земји, побараа верификација на резултатите, додека САД изразија стравување дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласот на венецуелскиот народ.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и Франција повикаа на целосна транспарентност и побараа да се покажат сите записници и резултати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK