Францускиот министер: Знаеме кој стои зад саботажата и сообраќајниот хаос, идентификувани се

francija-vozovi.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција верува дека левичарските екстремисти стојат зад минатонеделната саботажа на железничката мрежа „СНЦФ“ во земјата, што се совпадна со церемонијата на отворање на Олимпијадата, рече министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин.



Саботери ја нападнаа мрежата на брзи возови во Франција пред зори во петокот и ги оштетија сигналните трафостаници и каблите на клучните локации, предизвикувајќи сообраќаен хаос неколку часа пред церемонијата на отворањето.

„Идентификувавме профили на неколку луѓе“, изјави Дарманин за ТВ Франс 2.

Тој додаде дека начинот на работа на диверзантите ги носи карактеристиките на крајно левичарските екстремисти, без да даде други информации.

Сите возови се вратија во употреба до понеделник наутро, откако тимовите работеа деноноќно во текот на викендот за да ја санираат штетата, изјави министерот за транспорт Патрис Вергриете за РТЛ.

Вкупно 800.000 луѓе се соочија со проблеми со патувањето поради нападите, вклучително и 100.000 луѓе чии возови мораа да бидат откажани, рече тој, додавајќи дека трошоците за државниот железнички оператор може да бидат значителни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK