Три дена дел од штипските населби останаа без вода за пиење

bez-voda-960x640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проблеми при изведувањето на дел од главната водоводна линија причина што делови од населбите Пребег, Железничка, Три Чешми, Исар, Ново Село и Осми Ноември, а особено оние донаќинстава кои се во високите зони веќе три дена континуирано немаат вода за пиење, информираше на вонредна прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.


Тој додава дека заради проблемите кои се настанати со произведување на главната водоводна линија од страна на економскиот оператор дел од штипските населби имаат проблеми со водоснабдувањето.

„Заради пролонгирање, заради проблемите кои настанаа при изведување на главната водоводна линија од страна на економскиот оператор дел од штипските населби имаат проблеми со водоснабдувањето. Во овој момент сакам да ја информирам јавноста дека оваа линија уште не е ставено комплетна во функција и треба да се доработува заради одредени аномалии, коишто се констатирани. Како градоначалник сигурно имам одговорност за сето ова и ја прземам целата одговорност. Затоа што водени од желбата да ја реконструираме водоводната линија на територија на Општина Штип, влеговме во овој зафат, во којшто никој не влегол“, вели Јорданов.

Посочи дека надзорот ќе ги констатира неправилностите, при изведбата.

„Најпрвин сакам да се извинам на сите граѓани, а по извршување на целата операција, активност доколку е потребно да се сноси одговорност сум спремен за тоа. Она што сакам да ја известам јавноста е дека ние продолжуваме деноноќно со работа. Вечерва ќе се работи овде, каде што се нотирани проблемите. Општина Штип со целокупните ресусри со коишто располага е на терен, заедно со економските оператори, за да се најде решение на оние аномалии кои се појавија со поставување на новата водоводна линија. Надзорот ќе треба да преземе одредени чекори во насока на санкционирање“, изјави Јорданов.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK