Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.