Во телефонски разговор со Си-Ен-Ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како „убедливо најлошиот претседател во историјата на земјата“.
После тоа, тој не престана да објавува на својата социјална мрежа „Truth“.
Тој се запраша дали некој верува дека американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска објави дека нема да биде кандидат во трката за нов мандат, има коронавирус.
„Дали некој навистина верува дека скапаниот Џо имал Ковид? Не, тој сакаше да оди од 27-ми јуни, ноќта на дебатата, каде што беше целосно уништен. Џо беше разоткриен каков што е, неспособен човек кој никогаш не требаше да биде претседател, не е способен да служи – тој ја уништува нашата земја“ напиша Трамп.
„Не е готово! Утре скапаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека денеска се откажа од трката“ напиша Трамп, пренесуваат медиумите во светот.
“Кој сега ни ја води државата? Тоа не е расипаниот Џо, тој нема поим каде е. Ако не може да води кампања, не може да ја води нашата земја#“, е напишано на профилот на Трамп.