Милер и кажа збогум на германската репрезентација

BB1og1g6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот фудбалер Томас Милер (34), победник на Светското првенство во 2014 година и ѕвезда на Баерн Минхен, објави дека се повлекува од националниот тим.


„После 131 меѓународен натпревар и 45 голови, денеска се збогувам со германската репрезентација“, објави тој во видеото објавено на социјалните мрежи.

Последниот натпревар на Милер за репрезентацијата беше во четвртфиналето на домашното Европско првенство, кога Шпанија ја елиминираше Германија со голот на Микел Мерино во 119. минута.

Милер дебитираше за Германија во март 2010 година и оттогаш настапи на четири светски и четири европски првенства. Со 131 репрезентативен настап е на третото место на вечната листа зад Лотар Матеус (150) и Мирослав Клосе (137).

Покрај Милер, од националниуот тим се прости и Тони Крос (ја заврши кариерата), додека голманот Мануел Нојер (38) наводно размислува да престане да настапува за репрезентацијата, но се уште не донел конечна одлука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK