Зеленски откако Бајден го нарече Путин: „Некои грешки можеме да ги заборавиме“

zelenski-bajden1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека американскиот лидер Џо Бајден направил грешка кога случајно го нарекол Путин, но дека тоа може да се заборави поради големата поддршка што Америка му ја дава на Киев.


Во четвртокот, на 11 јули, Бајден по грешка го најави Зеленски како Путин на самитот на НАТО во Вашингтон, по што брзо се поправи.

„Тоа е грешка. Мислам дека Америка многу ја поддржува Украина. Мислам дека можеме да заборавиме некои грешки“ рече Зеленски на аеродромот Шенон во Ирска, каде што се сретна со ирскиот премиер Сајмон Харис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK