Го претепале и го фрлиле од тераса: полицијата во Грција уапсила четири момчиња

Screenshot-2024-07-11-170549.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчката полиција уапси четворица млади момчиња во Солун под сомнение дека претепале 52-годишен маж пред да го фрлат од тераса, од висина од 6,5 метри.


Жртвата во моментов е во болница поради повредите со кои се здобила при нападот и падот, пренесе Катимерини.

Инцидентот се случил по вербален конфликт во средата вечерта, а уапсените се на возраст од 20, 24, 34 и 35 години.

Се верува дека еден од уапсените е во роднинска врска со жртвата.

Обвинителот поднесе кривична пријава за убиство во обид, нанесување тешка телесна повреда, недозволено носење и употреба на оружје, оштетување на имот и нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата на местото на настанот запленила метална прачка и нож.

Осомничените се појавиле пред истражен судија и им е одредена мерка притвор, пренесуваат медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK