Мемов до разочараните од СДСМ: Има голем интерес за нови членови, ги охрабрувам да дојдат во канцелариите на ЗНАМ

znam-sdsm.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија бележи зголемен интерес за нови членства, извести денес портпаролот на партијата Никола Мемов. Тој го охрабри разочараното членство на СДСМ да премине во Движењето ЗНАМ.



„Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија. Во оваа прилика ги охрабруваме граѓаните, по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ“, рече портпаролот Мемов.

Зголемен интерес за членство во ЗНАМ, сопартијците на Максим Димитриевски забележале веднаш по изборите на 8 мај, кога јавно кажаа дека вратите се отворени за сите заинтересирани.

Портпаролот Мемов најави дека до крајот на годинава ќе се утврди процедурата околу дооформување на новите општински организации за што било дискутирано на последната седница на Централниот одбор на која за заменици – министри од ЗНАМ едногласно се избрани Мирослав Лабидовиќ и Радослав Настасијевиќ – Варџиски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK