Медведев: Патот на Украина кон НАТО може да заврши или со исчезнување на таа земја или на Алијансата

677z381_1-Dmitry-Medvedev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патот на Украина кон НАТО може да заврши со исчезнување на таа земја или на Алијансата, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.


Во објавата на платформата Х, тој цитира одредба од декларацијата од самитот на НАТО во Вашингтон, во која се наведува дека Алијансата е посветена на поддршката на Украина на нејзиниот пат кон целосна евроатланска интеграција, што вклучува и членство во НАТО.

„Заклучокот е очигледен. Мораме да сториме сè за „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО да заврши или со исчезнување на Украина или со исчезнување на НАТО, или уште подобро, со двете“, напиша Медведев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK