Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка

bajden-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета.

Анкетата, спроведена од ABC News, The Washington Post и Ipsos, доаѓа додека се зголемува притисокот врз Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

Моментот на објавување на анкетата може да биде значаен бидејќи подоцна денеска Демократите во Сенатот треба да одржат состанок со претставниците на изборната кампања на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, првиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, според Newsweek.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK