Фицо на првото официјално патување надвор од Братислава по атентатот

robert-fico-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја посети областа надвор од главниот град Братислава за прв пат откако се врати на функцијата по атентатот.



Фицо, заедно со министерот за земјоделство Ричард Такач, посетија фарма во Нова Веса, североисточно од Братислава, за да ја проверат жетвата на житото. Тој во краток говор изјави дека Словачка не е подготвена да ја укине забраната за увоз на земјоделски производи од Украина и им се заблагодари на земјоделците за вложените напори.

Користеше бастун и не одговараше на прашања од медиумите. Тоа беше негово прво официјално патување по закрепнувањето од нападот на 15 мај, кога беше застрелан во стомакот додека се поздравуваше со поддржувачите во градот Хандлова, 140 километри од главниот град.

Фицо, кој долго време важеше за поларизирачка политичка фигура во Словачка, се врати на власт по четврти пат минатата година по победата на неговата левичарска партија СМЕР, по парламентарните избори во септември. Партијата ги стави проруските и антиамериканските пораки во фокусот на кампањата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK