(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Screenshot-2024-07-06-091114.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800 луѓе. Браната пукна синоќа за време на итна санација и зајакнување на еден од нејзините делници, оштетен по обилните врнежи во областа во последните денови, пренесува кинескиот информативен канал CGTN.


Водата зафати површина од околу 50 квадратни километри, а според извештајот на локалните власти засега нема жртви. На местото на настанот се испратени камиони со песок за што поскоро да се затвори местото каде што пукна браната.

За сместување на евакуираните граѓани беа поставени околу 1.000 шатори опремени со кревети и душеци на преклопување. Езерото Донгтинг е второто по големина слатководно езеро во Кина. Од 16 јуни кинеската провинција Хунан е погодена од најобилните врнежи оваа година, а некои региони соборија рекорди по количина на врнежи. Сличен инцидент со пробивањето на браната на ова езеро се случи и во 1996 година, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK