Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Screenshot-2024-07-06-103840.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој одржа говор за време на вечерната прослава на Денот на Кирил и Методиј, национален празник во Словачка.

Во својот говор тој го пофали својот унгарски колега Виктор Орбан за неговите посети на Киев и Москва оваа недела. „Сакам да изразам восхит кон унгарскиот премиер што не се двоумеше да ги посети Киев и Москва. Ако здравјето ми дозволи да патувам, со задоволство би му се придружил“, изјави Фицо.

Инаку, Орбан вчера пристигна во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Потегот на Орбан предизвика укор од лидерите на Европската унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија.

Орбан изјави дека Унгарија може да стане единствената земја во Европската унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина. Претходно оваа недела тој го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK