Јас сум извршен директор на Eпсотех Македонија и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање на фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на Eпсотех, Аламави за германско-белгиската инвестиција.
„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места коишто ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:
„Во оваа прилика ние би сакале да започнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од некои приближно 20 милиони евра, коишто би ги инвестирале тука“.