Кир Стармер официјално назначен за нов премиер на Обединетото Кралство

Screenshot-2024-07-05-141137.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање на новата влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.

Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.

„Кралот го прими уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати понудата“, соопшти Бакингемската палата, пренесува Гардијан.

По Бакингемската палата, Стармер се упати кон Даунинг стрит, каде се наоѓа седиштето на британската влада. На општите избори во ОК, Лабуристичката партија освои 410 од 650 места во Долниот дом, со што стави крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.

Претходно денеска, сега веќе поранешниот премиер Риши Сунак му поднесе оставка на кралот Чарлс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK