Лидерката на француската десничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија има „сериозни шанси“ за апсолутно мнозинство во францускиот парламент и ги повика граѓаните да гласаат на изборите во недела.
„Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание“, изјави Ле Пен за „CNews“, иако анкетите покажаа дека таквото сценарио е помалку веројатно, пишува Гардијан.
Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 30 јуни, РН освои околу 34 отсто од гласовите.