Бруно Кабокло одигра спектакуларно па Бразил извлече победа против Црна Гора во квалификациите за Олимпијада.
Она што ги интересираше новинарите по натпреварот е статусот на Кабокло во КК Партизан. Неговиот агент тврди дека Партизан му должи, а црно-белите дека Кабокло им должи?
„Мојот агент се занимава со ова и разговара со челниците на Партизан. Прашајте го него што ве интересира“, изјави Кабокло.
Како што пренесува израелски Вала Спорт, Макаби сериозно го „загриза“ за Бруно Кабоцл, но треба да се напомене дека во вторникот и официјално го доведоа Џејлен Хорд кој игра на истата позиција.
„Повторно велам, мора да го прашате мојот агент за тие работи бидејќи тој се занимава со нив. Макаби е добар тим, но не знам дали има вистина во тоа“, изјави Кабокло.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката.