Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија. Тој им посака добредојде на сите претставници и им се заблагодари за нивната посета.
Претставниците на Стопанска комора му го честитаа изборот на Гаши и му посакаа успех на новата функција претседател на Собранието.
Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу друго едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес.
Собранието можете да го сметате како ваш најсилен сојузник, и ја имате мојата целосна поддршка- рече Гаши.
На крајот од средбата соговорниците се согласија дека е потребно интензивирање и продл