Николовски – Кочоска: Преку стратешки пристап до економска трансформација на Македонија

DSC05178.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Се обврзавме на економска трансформација на Македонија и раст на економијата од 5 проценти. Притоа потребни се реформски политики и поддршка во нивното спроведување на највисоко ниво. Резултатите треба да бидат мерливи преку забрзување на транспортот и трговијата, сузбивање на криминалот и корупцијата, подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови директни инвестиции. Ова беа едни од суштинските пораки на денешниот состанок на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска којашто се одржа во Кабинетот на министерката, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

На средбата беше истакнато дека е потребна жестока борба против криминалот и корупцијата, како и подигнување на институционалните капацитети што треба да резултира со повисоки стапки на раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Како креатори на политиките наша должност е да обезбедиме македонската Царина да испорача повисоки резултати во секој аспект од царинското работење. Ова значи подобрување на институционалните капацитети и испорачување подобри резултати коишто ќе бидат ефективни и мерливи, како и имплементација на нова информатичка технологија што ќе овозможи сузбивање на криминалот, забрзување на транспортот и генерирање повисоки приходи во Буџетот. Стратешкиот пристап е клучен, при што институциите ќе работат заеднички за подобрување на условите за водење бизнис и остварување повисоки стапки на раст на економијата“, истакна Николовски и порача дека лично ќе се осигура секој царински службеник да испорача подобри резултати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK