Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во државата

02072024_Bozinovska_Lorkovski_sredba_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Плановите во делот на енергетиката поврзани со производство на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу Сања Божиновска министерката за енергетика и Артур Лорковски, директорот на Европскиот секретаријат за енергетика.


Средбата се одржа во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина.

На состанокот беа усогласени правилата за имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија и оптимизацијата на алокација на прекуграничните капацитети за пренос помеѓу земјите. Тоа значи координирана пресметка на цените и движењата со цел пазарот да биде попредвидлив и полесно да се порамнува цената. Исто така се разговараше и за донесување на нов Закон за енергетика, за што на земјата и е даден нов рок до 15 септември.

Божиновска на состанокот накусо ги објасни планираните проекти на новоформираното министерство кое има за цел да го зајакне овој сектор и притоа да ги намали на минимум можностите за корупција или злоупотреби. Токму корупцијата, како што посочи Божиновска, е причина што немаме значајни инвестиции во делот на енергетиката. Фокусот на новото министерство, објасни министерката ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава.

За насоките од Енергетската заедница за Македонија и моменталните состојби во однос на секторот енергетика, Лорковски на 8ми јули доаѓа да го презентира извештајот пред македонските парламентарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK