АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата влада за Законот за игри на среќа

sportski-oblozuvalnici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која тој најави ревидирање на Игрите на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да го поздравиме пристапот на новата влада и воедно порачуваме дека сите членки на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои во ниту еден момент не смеат да бидат исклучени од процесот на одлучување или менување на Законот за игри на среќа“, велат од оваа асоцијација.



Додаваат дека како приредувачи на игри на среќа секогаш делуваат конструктивно, со низа аргументи и предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата.

„Затоа, очекуваме и конструктивна соработка со новата влада, која ќе биде во интерес на сите чинители.

Како што најави и премиерот Мицкоски, потребно е целосно преиспитување и ревидирање на досегашниот пристап, со цел да се дојде до сеопфатно законско решение кое ќе биде поправедно, како за граѓаните, така и за приредувачите на игри на среќа, но и за нивните вработени“, се истакнува во соопштението.

Порачуваат да не се направи истата грешка како претходно и легитимните претставници на индустријата на игри на среќа кои сочинуваат 95% од лиценцираните компании во државата, да бидат целосно вклучени од процесот на ревидирање.

Повикуваат на конструктивна соработка со новата влада во интерес на граѓаните, но, како што велат, и на нивните вработени и потсетуваат дека од оваа гранка живеат повеќе од 10.000 вработени, а над 54.000 индиректно го остваруваат својот приход од игрите на среќа.

„Индустријата за игри на среќа е сериозна стопанска гранка од која во буџетската каса по сите основи се слеваат повеќе од 280 милиони евра и затоа, заедно со новата Влада, треба да работиме партнерски за да се превенира злоупотребата на игрите на среќа и да се изнајде европско решение и квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени и ќе се унапреди индустријата“, посочуваат од асоцијацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK