Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ

danka-ilic-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во случајот со Данка Илиќ се појавија тројца сведоци кои ќе бидат сослушани на 5 јули, потврдија од Вишото јавно обвинителство Заечар.


Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против Дејан Д. и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка, јавува „Danas.rs“.

Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, додека другите двајца се жители од Брестовачка бања

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето, осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK