Британската принцеза Ана се здобила со „лесни повреди и потрес на мозокот“ по инцидентот во нејзиниот имот во Геткомб парк минатата ноќ и моментално е во болница, соопшти Бакингемската палата.
„Принцезата Ана претрпе полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во Gatcombe Park Estate вчера вечерта.
„Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, соопшти палатата.
Во соопштението се наведува дека кралот Чарлс е информиран за повредите на неговата сестра.
„Целото кралско семејство е со принцезата и се надеваат на нејзино брзо закрепнување“, заклучи Бакингемската палата.