Тинејџерка на возраст од 15 години, по потекло од БиХ, била киднапирана и силувана во Гелзенкирхен, Германија, пренесува Билд. Ја силувале двајца маскирани мажи.
Девојката во средата вечерта го пријавила киднапирањето и силувањето во полиција во Есен. После училиште, околу пладне, стоела на автобуската станица и ја чекала другарката, кога и пришло бело комбе. Од комбето излегле маскирани лица и ја одвлекле 15-годишната девојка во возилото, а потоа се оддалечиле во непознат правец.
Тинејџерката во пријавата навела дека мажите ја однеле во куќа на непозната локација и таму ја силувале.
По извесно време, тинејџерката била однесена во Есен и исфрлена на улица. Девојката вели дека киднаперите биле облечени во црно и со маски на главите. Забележала дека зборуваат германски, но со арапски акцент. Таа изјавила и дека возеле брзо и дека за малку ќе предизвикале судар неколку пати.
Нејзините тврдења ги потврди и полицискиот портпарол кој рече дека другите возачи на опишаната рута забележале бело комбе кое вози над сите ограничувања на брзината.
Полицијата трага по можни сведоци кои биле на автобуската станица Хорст и по лица кои го виделе белото комбе во Есен или во Гелзенкирхен, пишува Билд.