Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавачите дека поради високата температура на воздухот да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.
„Доколку работата на работодавачот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците кои работат на отворено да започнат со работа од шест часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Срна.
Во соопштението се посочува дека работодавачите треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, прилагодена на високата температура, како и користење на годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.