Седум европски земји, меѓу кои и Франција, не ги исполнуваат критериумите за буџетскиот дефицит на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.
Покрај Франција, тоа се Белгија, Италија, Унгарија, Малта, Полска и Словачка.
ЕК го објави Пролетниот пакет на европскиот семестар, кој дава насоки за подобрување на конкурентноста и издржливоста на ЕУ и одржување на здрави јавни финансии.