Романија купува јужнокорејски хаубици К-9 вредни 920 милиони долари

gfdg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Романија ќе купи јужнокорејски хаубици К-9 во вредност од 920 милиони долари, што се смета за нејзина најголема набавка на оружје во последните седум години, соопшти денеска Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Договорот беше објавен на средбата меѓу јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик и неговиот романски колега Ангел Тилвар, за време на посетата на Шин на Романија, пренесува Ројтерс.

Шин и Тилвар се согласија дека воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја ја загрозува безбедноста на Европа и Азија и дека е неопходна тесна соработка со меѓународната заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK