Столтенберг за Кина: Ако не престане да ја поддржува Русија, треба да сноси последици

stoltenberg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да ги сноси последиците за поддршката на Русија во војната во Украина.



Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“, поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.

– Ова нема да функционира на долг рок – изјави Столтенберг за Би-Би-Си за време на посетата на Вашингтон.

Додека Столтенберг е во Вашингтон, рускиот претседател Владимир Путин денеска заминува за Северна Кореја, а минатиот месец беше во Кина.

– Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери – изјави Столтенберг за Би-Би-Си, говорејќи за Иран, Пекинг и Северна Кореја.

Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.

Столтенберг додаде дека членките на НАТО разговараат за користење на транспарентноста за нивниот нуклеарен арсенал како одвраќање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK