Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.
Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа, велат од општината.
Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.
Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, додаваат од општина Карпош.