Репрезентацијата на Хрватска загуби од Шпанија со 3:0 во 1. коло од групата Б на Европското првенство. Головите за Шпанија ги постигнаа Алваро Мората во 29. минута, Фабијан Руиз во 33. минута и Дани Карвахал во 45. минута.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, на прес конференцијата рече дека неговиот тим го заслужил поразот.
„Секоја чест за Шпанија. Почнавме доста тешко, потоа се прегупиравме и потоа таа длабока топка за која зборувавме не отвори и Мората постигна гол. Наша грешка, работевме на тоа и примивме гол од ситуација на која предупредувавме.
Она што ме изненади од наша страна е што стоевме предалеку од играчите. Дадовме премногу простор на нивната предна линија, бевме премногу бавни, предалеку и не бевме агресивни.
Рековме дека треба да играме со многу помалку допири, рековме дека треба да ја свртиме страната во два допири и не го прававме тоа добро. Високиот пресинг не беше пресуден“, рече Далиќ.
Во второто коло, за четири дена Хрватска ќе игра против Албанија.