Двојното убиство во Кратово е извршено со нож, му претходеле пријави за насилство

zena-so-noz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната В.И. која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот. Пријавувала и таа, но имало пријави и против неа. Убиството е извршено со нож.


Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот, извести МВР.

„На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција“, соопштија од МВР.

Жената била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK