Советникот на Зеленски: Украина нема да ги прифати условите на Путин за почеток на мировните преговори

627f693e-8103-4c88-9e31-fd2d2ab0a70f-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за завршување на војната, кои ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.


Тој го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за никакви преговори.

Подољак додаде за Ројтерс дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK