Мајка пронајдена убиена, двете мали ќерки исчезнати: активиран амбер аларм во САД

Камион-удри-во-училиштен-автобус-во-САД-има-загинати-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Две девојчиња се исчезнати во Луизијана откако нивната мајка беше брутално убиена во нивниот дом во четвртокот рано наутро.

Државната полиција издаде итен налог за потрага по сестрите Џејла (6) и Ерин (4) по нивното исчезнување. Се верува дека тие биле киднапирани пред 8 часот во четвртокот.

Исчезнувањето на Кали Брунет (35) било пријавено 24 часа порано и на крајот била пронајдена мртва во нејзиниот дом, пишува „Daily Mail“.

Полицијата соопшти дека нејзиниот татко го пронашол безживотното тело на подот во спалната соба и се верува дека таа е убиена.

Инспекторите го нарекоа местото на настанот „очигледно убиство“ и рекоа дека има причина да се верува дека децата се во непосредна опасност.

Кали била пријавена за исчезната повеќе од 24 часа пред детективите да го пронајдат нејзиното тело.

Началникот на полицијата рече дека децата во овој момент би можеле да бидат на половина пат низ државата, но дека ги користат сите средства да ги најдат и да ги вратат дома.

Тој додаде дека децата исчезнале заедно со автомобилот на нивната мајка.

Во моментов нема осомничени, ниту пак се знае каде би можеле да бидат децата.

Инспекторите ја истражуваат смртта на мајката како убиство, но не се знае начинот на нејзината смрт.

Активиран е амбер аларм, мажот се смета за вооружен и опасен и на јавноста и се препорачува да не му приоѓа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK