Макрон создава пакт против екстремната десница: „Маските паднаа“

Makron1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика ривалските партии лево и десно од политочкиот центар да му се придружат во формирањето сојуз против екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен на претстојните предвремени парламентарни избори.


Во предизборниот говор само неколку дена по распишувањето на предвремените избори, Макрон призна дека направил грешки, додавајќи дека Французите го покажале своето незадоволство.

Изборите ќе ги разјаснат работите, рече Макрон. Тој ги повика „многубројните сонародници и политички лидери кои не се препознаваат во екстремистичката треска“ да „спроведат нов проект, владина коалиција, коалиција во служба на Французите и на Републиката“.

Алудирајќи на лидерот на конзервативната Републиканска партија, Макрон ја осуди политичката трговија во последните денови, велејќи дека „маските паднаа“ и некои партии сакаат да формираат „неприродни сојузи“. Повикот на републиканскиот претседател Ерик Чиоти за предизборна коалиција со РН ја поларизираше неговата конзервативна партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK