Кинеското Министерство за одбрана денеска ја предупреди Холандија да се воздржи од поморски и воздушни операции во Источното Кинеско Море, откако холандското Министерство за одбрана соопшти дека кинески воени борбени авиони прелетале над холандска фрегата во Источното Кинеско Море и, како што се вели, „предизвикале потенцијално небезбедна ситуација “.
„Длабоко жалиме за зборовите и постапките на Холандија“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Џанг Ксијаоганг, пренесе Ројтерс.
Џанг го оцени како „лажно тврдење“ најавата на холандското Министерство за одбрана дека фрегатата „HNLMS Tromp“ патрола ги спроведува санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја.