Наоми Кембел потврди дека има син и ќерка кои ги добила преку сурогат мајка

naomi-kembel-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наоми Кембел во интервју за Тајмс потврди дека има две деца преку сурогат мајка.


Таа доби ќерка во мај 2021 година, а син во јуни минатата година. Но, 54-годишната манекенка се уште избегнува да ги споменува нивните имиња и родендени.

„Моите деца ми се се, поради нив се надевам на подобар свет. Тие ми се најголем приоритет и морам секогаш да бидам тука за нив“, изјави Наоми.

Таа додаде дека е среќна што е самохрана мајка и откри дека многу млади жени и кажале дека не сакаат да имаат деца бидејќи немаат доволно пари да ги издржуваат.

„Им реков дека ќе се предомислат и дека ќе сакаат да бидат мајки. Разбирам дека е тешко, но мајка ми немаше ништо и успеа. Навистина вреди“, рекла Наоми.

Манекенката досега не зборувала многу за мајчинството. Таа призна дека многу малку луѓе во нејзиниот круг на пријатели и членови на семејството знаеле дека таа планира да стане мајка. Многумина беа изненадени кога таа објави дека го родила своето прво дете.

„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеле тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјави Кембел тогаш за Vogue.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK