Доделени решенија на граѓани за субвенции на велосипеди во општина Илинден

reshenija-za-velosipedi-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.


Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и оваа година ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, која траеше до 30 април оваа година. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK