Зеленски пристигнува во Германија, во вторник ќе се обрати пред пратениците во Бундестагот

zelenski4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторник доаѓа во Берлин и се очекува по тој повод да им се обрати на пратениците во германскиот Бундестаг, јавуваат германските медиуми.


Зеленски ќе присуствува на конференцијата за обнова на Украина, која се одржува во Берлин во вторник и среда, а која меѓу другите ја организира и германското Министерство за надворешни работи, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Иако тоа нема да биде прва посета на Зеленски на Германија по избувнувањето на конфликтот со Русија, тоа ќе биде првпат тој лично да зборува во Бундестагот.

Пратениците во германскиот парламент позитивно се изјаснија за обраќањето на Зеленски.

За ваква седница се заложи и претседателот на германско-украинската парламентарна група Робин Вагенер (Зелени) во писмото што го испрати до претседателот на Бундестагот Бербел Бас (СПД), пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK