Северна Кореја испрати 330 нови балони со отпад: Јужна Кореја се закани

baloni-juznakoreja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Северна Кореја повторно испрати стотици балони полни со отпад кон Јужна Кореја, јавува Си-ен-ен.

Од синоќа Северна Кореја му испратила на јужниот сосед околу 330 балони со кеси за ѓубре, а 80 од нив слетале во Јужна Кореја, соопшти Здружената команда во Сеул.

Во пакувањата била пронајдена стара хартија и пластика, но немало опасни материи, соопшти Здружената команда во Сеул.

Според податоците на Си-ен-ен, од 28 мај на територијата на Јужна Кореја пристигнале околу 1.060 балони од Северна Кореја.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да даде одговор на последниот бран балони со отпад.

Јужна Кореја ќе емитува емисии против Северна Кореја во пограничните области

Минатата недела Пјонгјанг соопшти дека испратил вкупно 3.500 балони со 15 тони ѓубре на својот сосед, според државниот медиум КЦНА, повикувајќи се на севернокорејскиот заменик министер за одбрана Ким Канг-ил.

Јужнокорејската војска одговори со емитување преку разглас до Северна Кореја, според Здружената команда во Сеул.

Војската на Јужна Кореја порано пушташе пропагандни преноси како дел од психолошката војна против Северот, сè додека не ја повлече опремата по самитот со северните соседи во 2018 година.

Преносите ги информираат севернокорејските војници и жителите за „реалноста на Северна Кореја“, развојот на Јужна Кореја и корејската култура, соопшти Здружената команда во Сеул.

„Северна Кореја е целосно одговорна за моменталната ситуација, ги повикуваме веднаш да престанат со такви одвратни дејствија како што е испраќањето балони со ѓубре. Дали нашата војска ќе пушти уште еден пренос преку звучниците целосно зависи од активностите на Северна Кореја“, соопшти Здружената команда во Сеул.

Севернокорејскиот режим вели дека ги испраќа балоните како одмазда за пропагандните летоци испратени преку граница од јужнокорејски активисти и севернокорејски дезертери. Групите како Борци за слобода на Северна Кореја долго време испраќаа балони со предмети забранети во изолираната тоталитарна диктатура, вклучувајќи храна, лекови, радија, пропагандни летоци и делови од јужнокорејски вести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK