Обилните врнежи предизвикаа поплави денеска во Анкара, а водата поплави некои метро станици и подземни премини.
Работата на метрото е прекината поради поплавените влезови на станиците, додека патиштата во некои градски населби се затворени, јавува Анадолија.
Возилата заглавени на коловозот со механизација и вилушкари ги влечеле на место каде што немало вода, а спасувачките екипи ги извлекле затрупаните од возилата.
Засега нема информации за проценетата штета.
Heavy floods on the street after extreme rains in Ankara, Turkey 🇹🇷 (08.06.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/GRwdYWMECA
— Disaster News (@Top_Disaster) June 8, 2024