Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.О.(38) и Ѓ.О.(62) од една страна и А.О.(34) и Р.Д.О.(59) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.