Синоќа во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија.
Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило.
По ова се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Полицијата соопшти дека против него е поднесена соодветна пријава.