Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека западните сојузници треба да се погрижат празнините во воената поддршка за Украина да не се повторат.
Говорејќи за време на посетата на Финска, Столтенберг рече дека на Украина и е потребна „предвидливост и одговорност“ од сојузниците на НАТО во однос на воената поддршка.
„Во текот на последните месеци видовме некои недостатоци, некои одложувања во обезбедувањето воена поддршка за Украина“, рече тој за време на прес-конференцијата заедно со финскиот претседател Александар Стуб.
„Мораме да се погрижиме тоа да не се повтори“, додаде.