Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, 64-годишниот Г.Б. од село Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од 40-годишниот З.П. од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото, извести МВР.
„По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.